Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Петти саем за вработување и пракса – „Контакт“

Време: 13:28

Датум: април 3, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од денеска до 5-ти април 2018 година се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“. Студентските парламенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го организираат саемот во холовите на техничките факултети, каде ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки.

„Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера“, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ.

Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем.

На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman’s Business Accelerator, Pop Leads,  Systems for Enterprise, StepUp.

Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Со цел надминување на проблемите настанати со привременото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата, на кој…

  • Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    По повод одбележувањето на Денот на АРМ, утре 18 август (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10 до 14 часот, ќе…

  • Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Годишната инфлација во Европската унија бележи благ пораст на месечна основа во јули. Минатиот месец, порастот на цените изнесуваше 2,2% од 2,1% во јуни, објави…

  • Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Македонија дефинитивно е рај за банките. „Големата тројка“ – НЛБ, Комерцијална и Стопанска имаат значителен раст на профитите во првите шест месеци од годинава. Од…

  • Турција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

    Турција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

    Турција се закани дека ќе одговори ако САД воведат дополнителни санкции во врска со апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон, што предизвика криза во односите…

  • Даночните промени во Хрватска загрозуваат илјадници мали претпријатија

    Даночните промени во Хрватска загрозуваат илјадници мали претпријатија

    Владата на Андреј Пленковиќ одлучи да уништи илјадници мали компании. Според порталот „Индекс“, како дел од промената на даноците што се најавуваат се предвидува да…

  • Вишокот на тековната сметка на еврозоната останува непроменет во јуни

    Вишокот на тековната сметка на еврозоната останува непроменет во јуни

    Во јуни вишокот на тековната сметка на еврозоната останува без промена на ниво од 24 милијарди. Евра, соопштува Европската централна банка во петокот. Во 12-те…

  • САД повторно и се закани на Турција, можни се нови санкции

    САД повторно и се закани на Турција, можни се нови санкции

    Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак по кризата во земјата, изјави дека ќе направат се за да ги отстранат економските потешкотии во кој влезе Турција…

  • ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

    ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

    Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК ќе…

  • Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

    Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

    Зошто толку многу се доцнеше со прскањето против комарци во Скопје? Дали е поради авионите, нивната бучава и дали ќе се спасиме од комарците? Инсистирав…