13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11 сообраќајни несреќи во Скопје, шестмина повредени

11 сообраќајни несреќи во Скопје, шестмина повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека осум лица се здобиле со лесни телесни повреди.

41 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол. 15 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, седум неправилно се престроиле и пет неправилно престигнувале.

Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 129 мандатни платни налози, додека 73 возила се подигнати со “Пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП