28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин и Ердоган очи во очи, дали Русите ќе попуштат

Путин и Ердоган очи во очи, дали Русите ќе попуштат

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, планираат во Анкара да разговараат за Сирија, енергетската соработка и увозот на турскиот домат.

Разговорот е планиран за денес, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Покрај енергетиката, секако е важно и прашањето за трговија во земјоделскиот сектор“, изјави Ушаков, пренесува руската агенција Тас.

Русија минатата година го укина ограничувањето на увозот на турски земјоделски производи, но рестрикциите на увозот на турскиот домат делумно останаа на сила, при што во моментот само 12 турски доставувачи имаат дозвола Русија да ја снабдуваат со овој зеленчук.

Путин и Ердоган, како што додаде Ушаков, ќе разговараат и за други прашања од областа на билатералната соработка, како и за регионалните и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и Сирија.

После состанокот, би требало да бидат потпишани повеќе билатерални документи, од кои пет веќе се договорени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП