29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа разлика од берзата - валутите стабилни

За разлика од берзата – валутите стабилни

Доларот беше стабилен во однос на јенот во понеделникот и на затворањето се тргуваше за 106,32 јени, откако оствари раст минатата недела за повеќе од 1,5 проценти.

Тоа беше неговиот најголем неделен скок од септември 2017 година.

Во однос на кошницата со шесте главни валути, доларот се тргуваше на 89,971 поени, спуштајќи се на еднонеделниот максимум од 90,178 поени забележани минатиот четврток.

Еврото беше стабилно на 1,2321 долари.

Иако очекувањата за постепениот излез на Европската централна банка од програмата за стимулативни мерки го поттикна зајакнувањето на еврото минатата година, оваа валута стагнира откако на 16 февруари го достигна тригодишниот максимум од 1,2556 долари, при што на 1 март забележа минимум од 1,21545 долари, што се смета за долна граница под која не би смеело да паѓа.

Приносите на 10-годишните американски хартии од вредност на затворањето на тргувањето изнесуваа 2,764 проценти, откако во четвртокот забележаа седмонеделен минимум од 2,739 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП