22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги осуди кинеските царини

САД ги осуди кинеските царини

Белата куќа ја критикуваше одлуката на Кина за воведувањето одмазднички тарифи против САД за голем број стоки, вклучително и за свинското месо и виното, објави Би-Би-Си.

Пекинг наметна царина до 25 отсто на 128 американски увезени производи, по одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги ублажи даноците за увоз на челик и алуминиум.

Кина рече дека овој потег има за цел да ги заштити своите интереси и да ги балансира загубите предизвикани од новите тарифи.

Акциите на САД нагло паднаа и азиските акции пониско се тргуваа, поради стравот од трговска војна кој се повеќе расте.

“Наместо да се насочува кон тргуваниот американски извоз, Кина треба да ги запре практиките на нефер тргување, кои им наштетуваат на американската национална безбедност и ги искривуваат глобалните пазари”, рече портпаролката на Белата куќа, Линдзи Волтерс.

“Субвенцијата на Кина и континуираната прекумерна моќност е главната причина за челичната криза” додаде Волтерс.

САД презеде два крупни чекори со воведување тарифи кои предизвикаа тензии со Кина, првиот се однесуваше на челикот и алуминиумот, а вториот на интелектуалната сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП