9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Огут

Во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Огут

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат во утринското соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекин во сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – село Огут (Р-2245) поради свлечиште. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот.

Исто така поради свлечиште, на патниот правец Р 1308 Макази – граничен премин Маркова Нога кај местото викано Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП