26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Ц.Звезда и Будуќност ќе играат во финалето

АБА лига: Ц.Звезда и Будуќност ќе играат во финалето

Актуелните шампиони, Црвена звезда се пласираа во финалето на регионалната АБА-лига откако во „мајсторката“ против Морнар стигна до лесна 88:69 победа благодарение на одличната игра на Добриќ и Рочести.

Српскиот тим во финалето ќе се судри со црногорскиот Будуќност, кој вчера во „мајсторката“ во второто полуфинале беше подобар од Цедевита. Финалето се игра од 9 до 15 април, а за титулата се потребни три победи.

Огњен Добриќ имаше 19 поени и одлични 7-од-7 од игра, 18 уфрли Рочести, а по 10 Омиќ и Лесор за „црвено-белите“, додека за гостите најефикасен беше Врањеш со 23 поени, а Нидам имаше 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП