25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја сега ќе биде рај за богатите?

Која земја сега ќе биде рај за богатите?

world12

Под притисокот на најмоќните земји од светот и Швајцарија се согласи да ги ублажи своите досегашни правила за банкарските тајни.

На ублажувањето на банкарската дискреција, Швајцарија се одлучи откако 13 нејзини банки се најдоа под истрага на американските власти.

Владата во Берн усвои закон со кој сега, дискрецијата која ја поседуваа клиентите е намалена.

Швајцарија одлучи да ги ублажи строгите прописи за банкарските тајни, со што нејзините банки сега на полесен начин ќе можат да се договорат со американските власти. Владата во Берн се согласи швајцарските банки да доставуваат информации за активностите на нивните клиенти во САД.

Иако банките, идентитетот на клиентите нема да го откриваат сеуште, во Берн веруваат дека на американските власти ќе им бидат доволни овие информации, со цел повеќе да не вршат притисок врз нејзините банки.

За возврат, Американците повеќе нема да ги истражуваат претходните активности на швајцарските банки и нивните американски клиенти, но казните најверојатно ќе мора да се платат. Проценките укажуваат дека нивните благајни тогаш би можеле да бидат олеснети за седум до десет милијарди швајцарски франци.

Се поставува прашањето, која земја сега ќе стане рај за богатите, односно во која земја богатите ќе можат да ги чуваат своите пари и да не плаќаат даноци, без притоа да биде откриен нивниот идентитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП