Европската комисија ќе издвои уште 180 милиони евра за проекти за помош на бегалците во Грција.
Средствата ќе бидат наменети за сместување на бегалците и за нивни лични потреби. Со финансиска помош од ЕУ досега е обезбедено сместување на 41.000 бегалци, а вкупната сума што Атина ја доби од ЕУ за реализација на проекти поврзани со мигрантите достигна околу 1,5 милијарди евра.
Средствата се обезбедени од буџетот на механизмот за вонредни состојби.