4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора има 64 милионери

Црна Гора има 64 милионери

Кон крајот на минатата година во Црна Гора имало 64 граѓани кои имале над еден милион евра депозит во банките, а најголемиот влог бил 63,3 милиони евра.

Како што соопшти црногорската Централна банка, во 2016 година во Црна Гора имало 54 милионери, а најголемиот депозит бил околу 13 милиони евра.

Вкупната сума на депозити на приватни лица и компании, кон крајот на минатата година изнесуваше околу три милијарди евра, од кои 1,7 милијарди на граѓаните, а 1,3 милијарди евра на фирмите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП