24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот светски мост кој ќе ги поврзува Хонг Конг, Кина и Макао

Најголемиот светски мост кој ќе ги поврзува Хонг Конг, Кина и Макао

Кинезите се фалат со изјавата дека ,,ова ќе биде инженерско чудо“.

За изградба на најголемиот мост во светот, што ќе треба да ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина, се потроши истата количина на челик што би била искористена за изградба на 60 Ајфелови кули, објави ,,Хина”.

Девет години по изградбата на мостот долг 55 километри, кинеската влада прво јавно организираше презентација на речиси завршениот проект.

Мостот ќе ги поврзува Хонг Конг со градот Жукаи во Јужна Кина и коцкарската енклава Макао, но сеуште не е потврден датумот за пуштање во употреба.

Вкупните трошоци за преоктот, кои вклучуваат и подводни тунели, вештачки острови и пристапни патишта не се објавени но, некои проценки велат дека трошоците достигнуваат и до 100 милијарди јуани.

Мостот требаше да биде отворен до крајот на 2017 тата година, но настанаа бројни градежни проблеми, проблеми со буџетот, обвиненија за корупција и како и страдање на градежни работници со што рокот не се испочитува и отворањето на мостот се одложи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП