29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните берзи во денешното задушено тргување најчесто паѓаат

Глобалните берзи во денешното задушено тргување најчесто паѓаат

Глобалните берзи најчесто се намалуваат во денешното загушено тргување, бидеќи пазарите во Хонг Конг, Австралија и Европа беа затворени поради тоа што католичкиот свет го празнуваше Велигден.

Во Франција, Германија и Британија не се тргуваше поради овој празник, а отворањето на берзата ќе биде денес, потврди агенцијата „AP“.

Во Азија пак, јапонскиот индекс ,,Nikei 225” падна за 0,3% на 21.388,58 поени, јужнокорејскиот ,,Kospi” за 0,1% на 2.444,16 поени, а шангајскиот за 0,2% на 3.163,18 поени.

Индексите во Југоисточна Азија забележуваат различни резултати.

Во светските рамки, сепак, владее стравот од појава на трговска војна поради програмата на тарифите воведена од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, а на која Кина одговори со воведување на царини за американски месни производи, овошје и други видови производи.

Американската сурова нафта ,,WTI” поскапува за 18 центи на 65,12 долари за барел, додека северноморската нафта ,,brent”, поскапува за 33 центи на 69,67 долари за барел.

Доларот скокна од 106,29 јени на 106,23 јени во петокот, а еврото од 1,2331 долари на 1,2329 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП