17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Шведска ги забранува дизелите

И Шведска ги забранува дизелите

Шведската влада го забранува движењето на дизел автомобили во центарот на поголемите градови. Како што е познато, неодамнешниот германски суд, исто така, нареди таква забрана. Сепак, во Финска, властите немаат намера да го сторат тоа, објавија светските агенции.

Владите на Шведска и Германија објаснија дека забраната за влез на автомобили со дизел мотори во центарот на големите градови е прифатена поради построгите барања за заштита на околината од овие модели.

Од 1-ви септември минатата година беше усвоена нова процедура за проверка количеството штетни гасови: автомобилите треба да бидат проверени при реално движење, поради што резултатите од новата постапка се посигурни.

Во исто време властите во Финска нема да донесе таква забрана, бидејќи не гледаат проблеми со дизел моторите. Главните загадувачи на воздухот во земјата се старите автобуси, шилестите гуми и прашината на улиците. Покрај тоа, продажбата на дизел автомобили постојано опаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП