29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ја додели наградата „Феникс“

Општина Центар ја додели наградата „Феникс“

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска ја додели наградата „Феникс“. Со оваа награда годинава се здобија, Стоилко Стоицев за постигнување во планинарството, Александар Герасимовски за постигнување во уметноста – музика, Марко Костов за постигнување во природните науки, Марко Ристов за постигнување во спортот – фудбал, како и туристичка агенција Атлас Корпорејшн за постигнување во туризмот.

„Доделувањето на наградата Феникс за најдобри постигнувања ни е еден од најдрагите и најбитни проекти, затоа што сакаме да ги наградиме и стимулираме оние кои дале свој придонес во развој и афирмација на општината. Ги поттикнувам оние кои се најдобри и чии достигнувања се од значење за развојот на општината да продолжат и да постигнуваат што поголеми резултати“, рече градоначалникот.

Наградата Феникс за прв пат е доделена во 2002-та година и се доделува на физички и правни лица жители на општина Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина, стопанството, како и други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата е наречена по митолошката птица Феникс која е симбол на општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП