18 февруари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес заостанатите долгови за вода може да ги платите на рати,...

Од денес заостанатите долгови за вода може да ги платите на рати, без камата

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска почнува акцијата во која корисниците со заостанати долгови за вода, ќе имаат можност да ги плаќаат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Официјално, започна акцијата што ја најавивме во периодот од 2.4.2018 до 15.5.2018 година корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки), ќе може да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање“ се вели во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП