28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува уредување на зелените површини во Аеродром

Започнува уредување на зелените површини во Аеродром

Општина Аеродром најави дека од денеска започнува со спроведување екоакција со која се уредуваат јавните зелени површини што се под нејзина надлежност.

Комуналните служби на општина Аеродром, почнувајќи од населбата Мичурин, во наредните денови ќе ги опфатат сите реони, а пролетната акција вклучува косење трева, собирање гранки и шут, како и метење на улиците и паркинзите.

Исто така, во текот на април е планирана и акција за расчистување на дивите депонии на разни локации во општината.

Истовремено, со цел подигање на екосвеста кај населението, инспекциските служби на Општина Аеродром започнуваат едукативна кампања преку која на терен ќе ги информираат граѓаните за Законот за јавната чистота и казните што следуваат за неговото непочитување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП