22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗТретиот SUV модел на Škodа пристигнува во 2019-та (фото+видео)

Третиот SUV модел на Škodа пристигнува во 2019-та (фото+видео)

Најмалиот „SUV“ модел во гамата ќе дебитира следната година, на саемот во Женева, а ќе биде базиран на годинешниот концепт „Vision X“.

Со лансирањето на нов, поткомпактен „SUV“ автомобил, „Škoda“ ќе добие свој претставник во еден од најбрзорастечките и моментално многу популарниот автомобилски сегмент.

Новиот модел ќе ја дели механичката платформа со „Seat Aronа“.

Како датум за светската премиера е одреден март 2019-та и почетокот на следниот женевски авто-саем.

Концептот „Vision X“, кој беше претставен на годинешниот саем во швајцарскиот град, ќе послужи како основа за серискиот „SUV“.

„Vision X“ е технолошки најнапредниот автомобил на „Škodа“, а еден од клучните детали на овој концепт е хибридниот погон со два електромотори и бензинскиот агрегат, кој како гориво може да користи и природен гас (CNG).

Бензинецот е со 1.5-литарски четирицилиндарски агрегат со турбополнач и 130 KS и 250 Nm вртежен момент. Едниот електромотор ја придвижува предната осовина, а другиот задната.

Погонот на предните тркала е стандарден, додека на сите четири се вклучува кога е неопшходно, користејќи го задниот електромотор за забрзување.

Од 0 до 100 km/h концептот забрзува за 9,3 секунди, a максималната брзина на возилото е 200 km/h.

За „CNG“ се обезбедени два резервоари, еден под задните седишта, а другиот зад задната осовина.

Инаку, другиот електричен мотор користи литиум-јонска батерија од 48V и 1,5 kWh, која се дополнува при сопирање.

Останува да се види што од сето ова ќе биде применетона сериската верзија која пристигнува следната година, а се очекува дизајнот на надворешноста во голема мера да биде превземен од концептот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП