11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследиците од „Северен поток 2“ за Украина

Последиците од „Северен поток 2“ за Украина

Проширувањето на „Северен поток“ ќе го намали транзитот на рускиот природен гас преку Украина, и затоа ќе ги ограничи приходите од транзитните такси, кои се проценуваат на милијарди долари годишно. Во 2017-та година, земјата доби 3 милијарди долари од „Газпром“ за транзит на гас.

Но, негативните ефекти врз украинските потрошувачи не завршуваат тука, вели енергетски експерт цитиран од „РИА Новости“.

Според Валентин Землилски од четирите главни цевководи кои работат во моментов, само еден ќе остане и „Нафтогаз“ не е подготвен за такво сценарио. Намалувањето на обемот на транзит, всушност, ќе остави голем број потрошувачи во Украина без природен гас.

Украинската гасоводна мрежа може да апсорбира околу 120-140 милијарди кубни метри природен гас годишно. Со изградбата на „Северен поток 2“, овој капацитет ќе стане излишен. Украина треба да размислува за тоа што ќе направи со својата гасна мрежа и дистрибуција на природен гас, додаде експертот.

Договорите за транзит на гас преку Украина истекуваат во 2019-та година и „Газпром“ веќе презеде чекори во арбитражен суд за порано да ги раскине. Рускиот гасен гигант признава дека тоа ќе трае најмалку година- година и половина.

На крајот на март, Германија ги даде сите потребни лиценци за „Северен поток 2“. Сепак, проектот се уште го чека одобрувањето на другите земји низ кои поминува – Данска, Шведска и Финска. Руските власти сè уште не ги обезбедија сите потребни документи за новите две цевки на дното на Балтичкото Море.

Капацитетот на „Северен поток 2“ е планиран на 55 милијарди кубни метри. Нејзината маршрута поминува покрај постојниот гасовод „Северен поток“.

Неколку земји од Централна и Источна Европа беа против новиот гасовод. Според нив, овој проект ќе ја зајакне зависноста на ЕУ од рускиот природен гас. Аргументите на Русија и Германија се дека идејата се води само од економски причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП