
Туристите кои ќе одат на море оваа година на патот кон Халкидики ќе ги пречека нов пораст на давачките.


Туристите кои ќе одат на море оваа година на патот кон Халкидики ќе ги пречека нов пораст на давачките.
Поради големото загадување на првиот и вториот крак на Халкидики, Касандра и Ситонија, во летните месеци ќе се плаќа еколошки данок, пишува порталот grckainfo.
Наплатна рампа во близина на Неа Муданиа е веќе воспоставена, а во следните неколку денови ќе бидат поставени и на другите влезови во Ситонија.
Еколошките надоместоци ќе се наплаќаат од 1 мај до 1 октомври, особено за возилата и патниците:
– за мотоцикли – 3 евра
– за патнички автомобили – 5 евра
– за автобуси – 10 евра
– за камиони – 12 евра
Во прилог на ова, исто така ќе има и еколошки данок по лице од 1 евро.