4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Бахреин отриено најголемото нафтено поле

Во Бахреин отриено најголемото нафтено поле

Во Бахреин е откриено најголемото нафтено поле во земјата во изминатите неколку децении.

– Прелиминарните резултати од анализата покажуваат дека залихите што се наоѓаат се значајни и дека долгорочно ќе можат да извлекуваат нафта и гас – рече министерот на Бахреин Шеик Мухамед бин Калифа ел Калифа.

Претходното најголемо нафтено поле во Бахреин беше откриено во 1932 година, објави новинската агенција БНА.

Бахреин добива нафтени приходи од две наоѓалишта – еден е на копното, додека вториот е нафтен бунар Абу Сафах, кој го делат со Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП