26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го отежнува трансферот на технологијата

Кина го отежнува трансферот на технологијата

Кинеските власти издадоа нова директива која ќе го отежне преносот на интелектуалната сопственост на странски компании, објави владата.

Поединци и компании во Кина најпрвин ќе треба да добијат одобрение од кинеските власти пред секој пренос на права на интелектуална сопственост, вклучувајќи го и софтверот, наведе Владата.

“Спроведувањето на оваа директива е важно за заштита на националната безбедност”, оцени Службата за интелектуална сопственост, пренесува кинескиот дневен весник China Daily, додавајќи дека слични мерки постојат во ЕУ и Јапонија.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела ги спомена мерките против Кина, со цел да се запре, како што рече, кинеската “кражба на интелектуална сопственост”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП