18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

Објавен оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана на својата веб-страница го објави огласот за вработување на 125 професионални војници во АРМ.

Министерката Радмила Шекеринска соопшти дека е предвидено вработување на 375 нови професионални војници кои треба да го зајакнат составот на Армијата.

Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе склучат договор за работа на определено работно време во времетраење од три години. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат посебна здравствена и физичка способност; да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП