4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредложени нови мерки за добивање на американска виза

Предложени нови мерки за добивање на американска виза

Патниците кои што ќе сакаат да ги посетат САД наскоро ќе мораат да даваат и информации за нивните идентитети на социјалните мрежи, податоци за претходните телефонски броеви кои ги имале и е-маил адреси, соопшти американското Министерство за надворешни работи.

Патниците ќе имаат обврска да даваат податоци за последните пет години – каде претходно патувале во странство, броевите на телефоните кои ги користеле во тој период, е-маил адресите и профилите кои ги имаат на друштвените мрежи. За оваа мерка и за нејзиното усвојување ќе се одлучува на 29 мај.

Оваа мерка ќе се однесува на околу 10 милиони луѓе годишно кои сакаат да извадат туристичка виза или пак да емигрираат во САД. Ваквите мерки нема да се однесуваат на дипломатите и на владини претставници.

Во предлогот не се споменува програмот за изземање од визи (ЕСТА) кој го користат државјани на околу 40 богати земји, меѓу кои 30 во Европа. Овој програм овозможува престој во САД во период од 90 дена без процедура за добивање виза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП