Азиските инвеститори вложиле рекордни суми во имот во странство во минатата година и имаат намера да продолжат со уште повеќе инвестиции во секторот во 2018-та година, според истражувањето на консултантската компанија „CBRE“.
Инвеститорите од Азија инвестираа 83,4 милијарди долари во деловните објекти во странство во минатата година. Поголемиот дел од нив, 35,5 милијарди долари, биле насочени кон Европа, Блискиот Исток и Африка, што е двојно повеќе во однос на инвестициите во претходната година во овој дел на светот, пишува „CBRE“.
Секторот на недвижнини има корист од приливот на евтини пари по десет години на квантитативни олеснувања и рекордно ниските камати, бидејќи инвеститорите барале средства со висок принос. Инвестирањето во имотот во странство е популарен начин за кинеските инвеститори да извезуваат пари од земјата каде што се воспоставени мерки за контрола на капиталот.
Роб Блејн, извршен претседател на „CBRE“ за азиско-пацифичкиот регион, вели дека имотите „обезбедиле постабилно враќање во изминатата деценија, а во исто време не се толку нестабилни што го засилува апетитот на инвеститорите“.
Извештајот е објавен откако кинеската компанија за електронска трговија „JD.com“ соопшти дека ќе почне да нуди станови и луксузен имот во Велика Британија, Австралија, Канада и САД на својата интернет страна. Ова ќе им овозможи на своите 300 милиони корисници да инвестираат во странство.
Од следниот месец, компанијата ќе ги вклучи и апартманите од „Juwai“, онлајн компанија за недвижнини фокусирана во странство. „Знаеме дека има огромно побарување на имот во странство, а стабилноста и диверзификацијата се поважни за повеќето купувачи од капиталната добивка и приносот“, вели Кери Лоу, извршен директор на „Juwai“.
Според анкетата на „CBRE“, 92% од азиските инвеститори, вклучувајќи ги институциите и менаџерите на фондови, велат дека ќе ја инвестираат истата сума или повеќе отколку минатата година во деловен простор во 2018-та година.
„Благодарение на стабилните приходи и диверзификација на средствата силните инвестиции во недвижности ќе продолжат и во 2018-та година“, додава Блејн.
Токио е главната дестинација за инвеститорите во оваа година, додека Мелбурн и Сингапур се исто така меѓу популарните инвестициски градови. Кинеските компании за недвижнини се меѓу главните азиски инвеститори во Лондон, каде што инвестициите достигна рекорд во минатата година, според студијата на „CBRE“.
Кинеската градежна компанија „Cheung Kei Group“ ја купи поранешната централа во Лондон на инвестициската банка „Bear Stearns“ на крајот од минатата година. Договорот од 270 милиони фунти (308 милиони евра) беше втора за компанијата во финансискиот центар Канари Варф од јули 2017-та година.
Иако Кина се уште има најголем удел од азиските инвеститори, кинеските инвестиции во недвижности во странство значително се забавија во втората половина од минатата година, по одлуката на кинеската влада да ја зајакне контролата врз купените недвижности во странство.
„CBRE“ соопшти дека како резултат на новите прописи врз инвестициите во странство, кои влегоа во сила претходно овој месец, приливот на кинески пари оваа година веројатно ќе биде од зајакнатото внимание кон земјите од иницијативата „Еден појас, еден пат“ (Belt & Road) и индустриските средства, како магацините поддржани од пофлексибилната регулаторна рамка.
„Барањето од инвеститорите во сектори исто така ќе продолжи да расте, стимулирано од структурните промени, повисоката профитабилност и заштитата против цикличноста на имотниот пазар“, забележува Хенри Чин, шеф на одделот „Истражување“ во „CBRE“ за азиско-пацифичкиот регион.