27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот во „Водовод и канализација“ граѓаните може да го платат на рати...

Долгот во „Водовод и канализација“ граѓаните може да го платат на рати и без камата

Како што претходно беше најавено од директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски, во периодот од 2 април до 15 мај корисниците на услугите кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовни сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот. Новото раководство на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје“, се вели во известувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП