27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за третманот на Ромите во здравствените институции

Дебата за третманот на Ромите во здравствените институции

Jавна дебата насловена „Менувањето на наративите кон Ромите во здравството е тежок процес” ќе се одржи на 2 април (понеделник) во Јавна соба во Скопје.

На дебатата која ќе почне во 11 часот говорници ќе бидат Борјан Павловски, координатор на програмата за јавно здравје и здравје на жената (ЕСЕ) од Скопје, Весна Шапкоски, асистент во невладината организација Рома СОС од Прилеп, Елвис Мемети, советник за имплементација за стратегија на Ромите при Министерството за труд и социјална политика, и Сумеа Рахим, апсолвент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Модератор ќе биде новинарката Ирена Мулачка.

Настанот го организира Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје. Истиот е дел од активностите на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции”, финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП