29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе и помогне на Африка да се развива?

Што ќе и помогне на Африка да се развива?

afrika2

Приватниот сектор ќе има витална улога во развојот на Африка, порачаа меѓународните лидери на последниот ден од тридневниот состанок во Јапонија.

Меѓународната конференција за развојот на Африка (TICAD) е завршена со ветување од Јапонија дека ќе обезбеди 1,4 билиони јени (14 милијарди долари), пренесува агенцијата Франс Прес.

Парите, од кои една половина ќе биде наменета за потребната инфраструктура, се дел од вкупно 3,2 билиони јени, сума која јапонскиот јавен и приватен сектор ќе ја инвестира во Африка во наредните пет години.

„Потврдувајќи дека приватниот сектор е витален мотор за економскиот раст, ќе го поддржиме неговото јакнење, промовирајќи ги инвестициите и работејќи на подобрувањето на инвестициската клима и легалните и регулаторни рамки“, се наведува во соопштението на лидерите.

Јапонските официјални лица ја нагласија потребата, врската на Јапонија и Африка да се трансформира од донатор-примач во деловно партнерство, бидејќи јапонските компании сакаат да го зголемат својот удел на перспективниот африкански пазар.

„Ние ќе го охрабриме развојот на трговијата, туризмот и трансферот на технологијата, ќе го поттикнеме развојот на малите и средни претпријатија во Африка и регионалната интеграција, како и приликите за развој на приватниот сектор и зголемувањето на вработеноста“, објавија официјалните лица на Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП