5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini развива четврти модел

Lamborghini развива четврти модел

„Lamborghini“ работи на уште еден автомобил, кој ќе биде четврти модел во гамата на италијанскиот производител. Во моментов, производителот ги нуди „Huracan“ и „Aventador“, како и кросоверот „Urus“.

На саемот за автомобили во Њујорк, извршниот директор Стефано Доминикли објави дека компанијата навистина развива нов модел, но ќе се појави на пазарот помеѓу 2025-та и 2030-та година.

Претходно, според гласините, таков автомобил мораше да биде нов супермодел, кој во гамата ќе го зазеде местото под „Huracan“. Медиумите, исто така, објавија и за наследник на легендарната „Miura“. Сепак, има зголемување на шпекулациите за развој на електричен луксузен седан на „РРЕ“ платформата (Premium Platform Electric), која заеднички се развива од „Porsche“ и „Audi“.

Самиот Доменикали позитивно одговори на прашањето за позиционирање на новиот модел, велејќи само дека компанијата сé уште дискутира за ова прашање. Многу е веројатно дека моделот на „Lamborghini“ ќе стане сериската верзија на прототипот „Estoque“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП