11 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате одличен однос со вашиот шеф? Послушајте ги овие совети!

Сакате одличен однос со вашиот шеф? Послушајте ги овие совети!

Односот со надредените често е одлучувачки фактор за успехот и атмосферата на работа, но работите понекогаш знаат да станат „напнати“.

Што да направите за вашиот шеф да биде задоволен со вас? Постои ли и друг начин од оној класичниот? Блогерот Пол Дури на Линкедин објави листа со 10 нешта кои ќе го зацврстат односот со вашиот шеф.

Направете го она што сте го ветиле. Не е на одмет дури и да го известите за напредокот во извршувањето на задачите.

Обидете се да ги разберете неговите деловни потреби и да го откриете начинот како најдобро да му помогнете во работата. Вие сте тим, а ако размислувате за неговите потреби тој повеќе ќе ве цени.

Однесувајте се во согласност со неговиот стил на работа. На пример, ако вашиот шеф преферира комуникација преку меил, прилагодете се на тоа.

Обидете се да го прочитате неговото расположение и реакција. Ако не е добро расположен, оставете му простор. Ако е лут, обидете се да ја откриете причината.

Активно учете од него. Прашајте го за совет.

Побарајте од него конструктивно мислење. Нека биде запознаен со она што сте го постигнале и како сте го направиле тоа.

Ценете го неговото време. Никогаш немојте да го злоупотребувате неговото време, тој има многу поголеми обврски од вас.

Кажете му го вашето мислење. Не можете секогаш да се согласувате со сите. Претставете го својот став логично и темелно.

Размислувајте поинаку од обичните луѓе. Вашиот шеф мора да се справи со поголеми проблеми и обврски од оние што вие ги гледате. Обидете се да гледате на работите од негова перспектива.

Бидете негова поддршка. Вашиот шеф мора да знае дека може да се потпре на вас, без оглед колку излитено звучи тоа, сепак заедно сте посилни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП