2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВеќе ги тргнаа САД од тронот, сега подготвуваат крах на доларот

Веќе ги тргнаа САД од тронот, сега подготвуваат крах на доларот

Кина ги презема првите чекори кон целта увезената нафта да се плаќа во јуани наместо во американски долари.

Тоа е потег во рамките на настојувањата на официјален Пекинг кинеската валута да добие се поголемо меѓународно влијание, тврдат за Ројтерс три неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Пилот програмата за плаќање на нафтата во јуани би можела да биде лансирана веќе во втората половина од оваа година, наведуваат два извори.

Кинеските регулатори од неколку финансиски институции неофицијално побарале да се подготват за изразување на цените на увозната нафта во јуани.

„Бидејки е најголем купувач на нафта, целосно е природно Кина да се залага за користење на јуанот во трансакциите. Тоа, исто така, ќе ја подобри ликвидноста на јуанот на меѓународниот пазар“, изјави еден неименуван извор близок до кинеските влсти.

Кина е втор најголем потрошувач на нафта во светот, а во 2017 година ги надмина САД и стана најголем увозник на сирова нафта. Кинеската побарувачка е пресуден фактор кој влијае на глобалните цени на нафтата.

Официјален Пекинг би можел да започне со купување на нафта од Русија и Ангола, кои, како и Кина, сакаат да ја „скршат“ глобалната доминација на доларот, пренесува британската агенција.

Тие две земји се и најголемиот снабдувач на Кина со нафта, заедно со Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП