21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на бизнисот со чипови на Toshiba ќе забави

Продажбата на бизнисот со чипови на Toshiba ќе забави

Откако почекаа повеќе од една година, за да видат каква ќе биде судбината на бизнисот со чипови за меморија на „Toshiba“, инвеститорите ќе треба да почекаат уште малку, коментира „Bloomberg“.

Јапонскиот технолошки гигант ќе го пропушти првичниот краен рок за завршување на продажбата на единицата за 2.000 милијарди јени (19 милијарди долари) до крајот на март, одложување на поделбата на својот најголем бизнис ќе биде за уште најмалку еден месец.

Договорот со групата предводена од „Bain Capital“, се уште не е одобрен од страна на кинеските регулатори кои се уште проценуваат какво ќе е влијанието врз најголемиот пазар на чипови во светот. Дури и ако биде позната одлуката во последните два дена од месецот, веројатно нема да има доволно време да се завршат сите процеси, така што договорот ќе стане официјален. Според условите на договорот, новиот краен рок за купување ќе биде 1-ви мај, а на „Toshiba“ ќе и треба регулаторно одобрување до 13-ти април за да го исполни.

„Toshiba“, која создаде технологија за „NAND“ чипови, го предложи овој свој бизнис за продажба, за да се справи со сметководствените проблеми и милијардите долари загуба во 2017-та година во врска со нејзината единица за енергетика во САД. Ако договорот со „Bain“ пропадне, „Toshiba“ има барем три можности – да ги предоговори условите евентуално добивајќи повисока цена, да котираат на берзата со бизнисот со чипови или тој да остане нејзина поделба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП