24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХотелските соби низ светот се зголемија за речиси 18% за десет години

Хотелските соби низ светот се зголемија за речиси 18% за десет години

Хотелите во светот во првиот квартал од 2018-та година се 184.299 и располагаат со вкупно над 16,9 милиони соби, покажуваат податоците на консултантската компанија во областа на глобалната хотелиерска индустрија „STR“, цитирани од онлајн изданието „World Property Journal“. Бројот на соби се зголеми за 17,7% во последните десет години, покажува студијата на „STR“.

„Хотелскиот сектор и враќањето што го обезбедува продолжува да ги привлекува инвеститорите во недвижнини. Ова е евидентно од значителниот пораст на перформансите и мерките за изведба што ги видовме во изминатите десет години“, вели Робин Росман, управен директор на „STR“.

„Иако пазарите во светот ретко си наликуваат, индустријата како целина продолжува да се претставува силно и очекуваме растот да се задржи во наредните години“, додава тој.

Од формирањето на „STR“ во 1985-та година, собите во хотелите се зголемени за речиси три милиони (+ 49%). Глобалната угостителска индустрија објави просечна стапка на вработеност од 67,5% за 12-те месеци до февруари 2018-та година, што е за 1,6% повеќе од претходните 12 месеци.

Растот на европската економија ја стимулираше хотелиерскатаа индустрија, при што стапката на раст на собите во минатата година беше забележана во повеќето клучни градови на континентот, констатира „STR“. Бројот на туристи кои пристигнаа во Европа во 2017-та година изнесуваше 7,5% повеќе отколку во 2016-та година, според „Economics Tourism“.

„STR“ прогнозира дека побарувачката ќе продолжи да расте во повеќето клучни европски пазари во 2018-та година, вклучувајќи ги Брисел (+ 3,7%), Берлин (+ 4,0%), Минхен (+ 5,7%) и Амстердам (+ 3,1%). Според консултантската компанија, зголемувањето на побарувачката ќе им овозможи на хотелските оператори да ги зголемат цените, со просечен раст од 3,5% во пријавените градови.

Во исто време, зголемувањето на понудата се очекува да ја намали стапката на вработеност во некои клучни градови, вклучувајќи ги и Москва, Варшава и Лондон.

Меѓу ризиците пред хотелиерската индустрија во Европа компанијата ја наведува политичката ситуација во Каталонија и преговорите за „Brexit“, кои можат да влијаат на растот на некои пазари во различни фази од годината.

Дефиницијата на „STR“ за хотел се базира на три критериуми – генерирни приходи од ноќевања на соба, има десет или повеќе соби и е отворен за посетители (кое исклучува имот, потребна членска карта или припадност кон клуб).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП