2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Падот на довербата на Facebook

График на денот: Падот на довербата на Facebook

Кога станува збор за почитување на законите за заштита на личните податоци, Американците имаат помалку доверба кон „Facebook“, отколку кон другите технолошки компании, Тоа го покажува истражувањето на „Reuters/Ipsos“, кое беше објавено изминатиот викенд, пишува „Statista“.

„Facebook“ собра многу критики, откако стана јасно дека компанијата за политички консултации „Cambridge Analytica“ собрала и искористила лични информации на 50 милиони корисници на социјалната мрежа. „Facebook“ се обидува да ја поврати својата репутација, а извршниот директор Марк Цукерберг јавно се извини. Ако се суди според резултатите од анкетата, социјалната мрежа дефинитивно има да заврши доста сериозна работа, за да ја врати довербата на потрошувачите.

Истражувањето покажува дека само 41% од Американците веруваат дека „Facebook“ ги почитува законите за приватност на податоците во САД, далеку помалку отколку што им веруваат на други компании, за кои се знае дека собираат слични чувствителни информации. 66 проценти од испитаниците велат дека веруваат во „Amazon“, 62 проценти во „Google“, и 60 проценти имаат доверба во „Microsoft“. „Apple“ и „Yahoo!“ исто така го надминуваат „Facebook“. Проблемот на довербата на потрошувачите не е единствената главоболка на социјалната мрежа во последно време.

Федералната комисија за трговија на САД соопшти дека ја испитува компанијата за да утврди дали „не им успеало“ да ги заштитат личните податоци на потрошувачите. Според поранешните вработени на комисијата, социјалната мрежа може да биде казнета сериозно доколку биде утврдено дека ги прекршила или не успеала да ги исполни законските барања. Казната може да изнесува 40.000 долари од прекршок, што може да достигне многу висока казна изразена во милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП