18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пад - бројот на невработени под психолошката граница

Нов пад – бројот на невработени под психолошката граница

Бројот на неврaботeни во Германија падна под 2,5 милиони луѓе во месец март благодарение на сезонскиот пораст на побарувачката за работници.

Сојузната агенција за труд соопшти дека сезонски неприлагодената стапка на неврaботеност опаднала на 5,5 проценти во март, од 5,7 проценти од минатиот месец, додека бројот на невработени се спуштил за 88 илјади на 2,46 милиони, пренесува АП.

Стапката на невработеност прилагодена на сезонските фактори, во март опаднала за еден процентен поен на 5,3 проценти на месечно ниво.

Во споредба со истиот месец минатата година, бројот на невработени во најголемата европска економија е помал за 204,000 лица.

Агенцијата за вработување објави дека во март биле огласени 778,000 работни места, што е за 86.000 повеќе во однос на истиот месец минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП