7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија од нула гради нов град - конкурент на Сингапур (видео)

Индија од нула гради нов град – конкурент на Сингапур (видео)

Индија гради сосема нов град со цел привлекување на странски инвеститори, кои сакаат да бидат дел од економскиот бум во земјата со околу милијарда население.

Градот затоа изникна на парцела со површина 3,5 квадратни километри, кој се наоѓа во индискиот регион Гуџарат – родната држава на премиерот на земјата Нарендра Моди. Засега новата локација располага со мал број на згради, а Индија се надева дека еден ден градот ќе биде конкуренција на финансиските центри како Сингапур, Дубаи и Хонг Конг.

Проектот го носи името „Gujarat International Finance-Tec City“ или накратко – „GIFT City“.

„Со исклучок на фактот дека не се наоѓаме во Сингапур и „GIFT City“ не е Сингапур, мислам дека од гледна точка на бизнисот, имаме сè што е потребно“, вели Аџај Пандеј, извршен директор на градот, пренесува „CNN“.

Во минатата година во „GIFT City“ беа создадени две берзи, а владата ја ослободи од даноци трговијата, изготвена по виртуелен пат. Градот располага и со сопствен финансиски регулатор. Така странските инвеститори кои сакаат да се населат во новоизградениот финансиски центар, не треба да се занимаваат со бирократијата во Индија, бидејќи можат да работат директно со локалниот регулатор.

Според зборовите на Пандеј даночните олеснувања, ниските цени на имотите и други иницијативи го прават „GIFT City“ место кое може да ги скрати трошоците на компаниите кои се преселија таму, со до 80%.

„За странци доаѓањето во „GIFT City“ е исто како и во другите финансиски центри“, вели Дипеш Шах, кој ги предводи финансиските операции на градот. „Ги дава сите конкурентни даночни политики кои се користат и надвор од Индија“, додава тој.

Странските инвеститори одамна гледаат со апетит на индискиот потенцијал. Економијата на земјата се зголеми за 7,2% во последниот квартал на минатата година, што е побрза стапка од онаа на Кина. Ова се случи откако Индија се опорави од негативните ефекти поврзани со забраната за употреба на готовина и големите даночни ревизии.

Привлекување на странски инвеститори е една од целите на градот, но, исто така, проектот сака да привлече и индиски компании кои ќе инвестираат во својата држава.

Берзите, создадени во градот, вклучувајќи ја онаа со име „India INX“, беа создадени од „Bombay Stock Exchange“ како единствените во земјата, кои овозможуваат трговија во американски долари.

Освен тоа одлуката на главните берзи во Индија да престанат да ги споделуваат податоци со нивните колеги во странство, може да упати доста инвеститори кон новоформираните пазари на капитал во „GIFT City“.

„„GIFT City“ треба да стане место за луѓето од Индија, слично на улогата на Хонг Конг за Кина во последните 30 или 40 години“, вели извршниот директор на „Bombay Stock Exchange“, Ашишкумар Чаухан.

„Сметаме дека „India INX“ ќе обезбеди платформа за корпорации и инвеститори, каде ќе се среќаваат, тргуваат и инвестираат во растот на Индија“, додава тој.

Ова полека почнува да се случува. Кога новата берза ги отвори вратите пред 15 месеци, дневниот промет изнесува 1 милион долари. Во моментов, оваа бројка достигнува околу 500 милиони долари“, вели Чаухан.

„Во моментот кога си блиску до половина милијарда долари, некои од најголемите имиња во светот како „JPMorgan“, „Morgan Stanley“ и други почнуваат да влегуваат“, вели Пандеј.

Следна цел пред градот е да се привлечат луѓе кои всушност ќе живеат таму.

Засега во населеното место има само три големи згради, училиште и центар за податоци. Првата станбена зграда ќе биде подготвена во мај. Две години подоцна ќе биде подготвен комплекс со четири кули наречен Светски трговски центар.

Од гледна точка на транспорт градот се наоѓа во поволна позиција, бидејќи аеродромот „Ahmedabad“ се наоѓа само на 25 минути оддалеченост.

„GIFT City“ веќе има привлечени инвестиции во недвижен имот во износ од 2 милијарди долари, а Пандеј се надева дека зголемувањето ќе достигне до околу 11 милијарди долари.

Шефот на проектот сепак признава дека има долг пат за поминување, додека „GIFT City“ стане вистинска конкуренција на Сингапур и Хонг Конг.

„Овие градови не се изградени преку ноќ … имаме многу работа да се израмниме. Ако се погледне сепак, вистинскиот избор од камен-темелниците веќе е положен“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП