3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со температура до 22 степени

Денес сончево со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер, соопшти УХРМ. Минималната температура ќе се движи од од -3 до 4 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 0 степени во утринските часови до 20 степени во текот на денот.

И утре преку денот ќе се задржи сончево и топло време со натпросечна дневна температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец (над 70 км/час).

Во недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП