Јапонската алуминиумска индустрија ги повика САД да ги укинат увозните давачки за алуминиум бидеќи, не се во согласност со меѓународните прописи и претставуваат сериозен проблем.
,,Ние исто така, сме загрижени дека алуминиумските производи на кои САД им ги затвори вратите би можеле да го намалат азискиот пазар”, рече на прес-конференција претседателот на асоцијацијата на јапонските алуминиумски производители „Микуру“ и „Окада“.
,,Ќе побараме од јапонската влада да продолжи да се бори за да ја исклучи земјата од повисоки увозни давачки “, рече тој, додаваќи дека јапонските производители на алуминиум посебно ќе бараат исклучок за нивните производи.
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги исклучи одделните земји, од повисоки увозни давачки за челик и алуминиум, меѓу кои Канада, Мексико и членките на ЕУ, како и други држави со исклучок на Јапонија.