19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеул со драстични мерки против зависниците од работа: Компјутерите ќе се исклучуваат...

Сеул со драстични мерки против зависниците од работа: Компјутерите ќе се исклучуваат во 20 часот

Јужна Кореја е принудена да преземе драстични мерки за да ја спречи радикалната култура на зависници од работа која во последниве неколку години целосно ја зафати земјата.

Tокму поради тоа властите вo главниот град Сеул најавија нова иницијатива која предвидува исклучување на компјутерите в петок во 20 часот со цел да ги принудат вработените навреме да го напуштат своето работно место, пишува бротански „Мирор“.

Инаку, станува збор за една од земјите со најдолги работни часови. Државните службеници во просек годишно работат по 2.739 часа. Властите во Сеул објавија дека иницијативата ќе трае три месеци и ќе почне на 30 март. Планот има три фази, во првата, компјутерите ќе бидат исклучувани во 20:00 часот, потоа во 19:30 часот и на крајот во 19:00 часот.

Се наведува дека 67,1 отсто од владините претставници би можеле да бидат опфатени со овие нови ограничувања. Претходно месецов јужнокорејската владата усвои закон со кој се намали бројот на максимални работни часови во неделата од 68 на 52.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП