3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа дел од патот Гостивар-Кичево поради свлечиште сообраќајот се одвива по една...

На дел од патот Гостивар-Кичево поради свлечиште сообраќајот се одвива по една лента

Собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат во своето пладневно соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево (по планинскиот премин Стража) кај селото Тајмиште поради свлечиште сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, и тоа само за лесни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП