18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛП: Министерот за финансии поддржува и брани застарен концепт од времето на...

ЛП: Министерот за финансии поддржува и брани застарен концепт од времето на комунизмот

Либералната партија смета дека зголемувањето на персоналниот данок на 18% за оние кои имаат нето приходи над 1000 евра месечно би бил погрешен чекор.

Според Либералната партија, со тој предлог ќе бидат казнети сите оние кои имаат плата за пристоен живот во државата, т.е. оние што почнуваат да ја формираат „средната класа“. Зборуваме за дополнително оптоварување на (младите) трудољубиви, едуцирани луѓе кои работат како програмери, дизајнери, претприемачи, мали и средни стопанственици, лекари, адвокати, воопшто – оние кои припаѓаат на најкреативниот дел на едно општество.

“Го потсетуваме министерот за финансии дека рамниот данок не е креација на Груевски, туку сугестија на Светската банка уште од 2006 година. Според нивните искуства, рамниот данок е еден од најважните елементи за обезбедување одржлив развој во економијата на земјите што сеуште имаат сериозни проблеми во обидите да ја пробијат својата економска стагнација. Овие сугестии на Светската Банка се прифатени и во многу економии со слични перформанси на нашата, а македонското искуство покажа позитивни ефекти”, се вели во соопштението на Либерална партија.

“Целата оваа концепција што сега ја поддржува и брани министерот за финансии може да има основа во застарените идеолошки заблуди од времето на комунизмот, каде „уравниловката“ беше главен принцип, а профитот и техноменаџерството беа сметани за „непријателска дејност“, додаваат од Либералната партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП