6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали сте подготвени? Еве што точно Google и Facebook знаат за вас!

Дали сте подготвени? Еве што точно Google и Facebook знаат за вас!

Количината информации кои „Facebook“ и „Google“ ги поседуваат за нас е значително поголема од очекуваната, фајловите се тешки дури 5 до 6 GB. Погледнете што се се наоѓа во нив.

„Google“ знае каде сте биле

„Google“ ги чува вашите локации (ако е тоа вклучено на вашиот телефон). Секогаш било достапно да ги видите сите места во градот кои сте ги посетиле во текот на денот и тоа се само ако го користите „Google“ на вашиот телефон.

„Google“ знае се што сте барале и избришале

„Google“ ја чува историјата на пребарувања на сите ваши уреди. Тоа може да значи дека дури и да ја избришете историјата (history), вашите пребарувања може да останат во некој од серверите на „Google“.

„Google“ има посебен профил за вас

„Google“ прави профил за вас со цел на што подобар начин да ви „потури“ реклами. Профилот содржи податоци за вашата локација, пол, години, хоби, кариера, интерес, љубовен статус, можната тежина и приходи.

„Google“ ја чува вашата историја на пребарување на „YouTube“

Но, значи апсолутно се што имате пребарувано на „YouTube“ се чува на серверите на „Google“, па така знаат дали наскоро сте станале родител, кој е вашиот политички, музички, филмски интерес, дали се чувствувате депресивно или помислувате на самоубиство, доколку ги поддржувате терористичките ставови…

„Google“ знае кои  апликации ги користите

Секоја апликација или екстензија која ја користите на вашиот уред е позната за „Google“. Знаат дури и колку често ги користите, каде најмногу ги користите и со кого комуницирате преку нив. Тоа значи дека знаат со кого разговарате преку „Facebook“, од која земја контактирате и кога ќе одите да спиете.

Податоците кои „Google“ ги има за вас се напишани на милиони страници во „Word“.

„Google“ ви нуди опција да ги превземете сите податоци кои тие ги складирале за вас. Фајлот обично е тежок околу 5GB и има околу 3 милиони страни. Вашите „букмаркс“, „мејлови“, контакти, фајлови од „Google Drive“ и  сите горе споменати информации се наоѓаат во него. Исто така, тука се и податоците од вашиот календар, допишувања преку „Hangout“, се што сте купувале преку „Google“, страните кои сте ги споделиле, телефоните сте ги поседувале и бројот на чекори кои сте ги минале во текот на еден ден.

И „Facebook“ знае се за вас

„Facebook“ нуди слична опција, а документот кој „Facebook“ ќе ви го испрати доколку го побарате обично е тежок околу 600MB и има околу 400.000 страни. Во него се наоѓаат сите пораки кои некогаш ги имате испратено, сите фајлови кои сте ги добиле, контактите од телефонот и сите аудио пораки.

„Facebook“ чува се, од „стикерите“ кои сте ги испратиле до локациите

Зошто „стикерите“ се испратени не е воопшто ни важно, но „Facebook“ секој пат памети кога сте се логирале, од каде и од кој уред. Ги чуваат и сите апликации кои сте ги поврзале со профилот на „Facebook“.

Може да ја активираат вашата веб-камера и микрофон

Податоците вклучуваат следење на вашата локација, но и дозволата за пристап до веб-камера и микрофон, па со самото тоа ја знаат вашата омилена радио станица или видот на музика која ја слушате.

„Google“ знае на кои настани сте биле присутни и кога

Во листата на податоци која можете да ја побарате од „Google“ ќе видите дека мрежата знае и кои настани сте ги посетиле, дали тие биле забавни или од сериозна природа, но и точното време кога сте пристигнале.

И… „Google“ ги има информациите кои сте ги избришале

Се што имате чувано на „Google Drive“, а потоа сте го избришале, тоа не е избришано од серверите на „Google“.

А тука се и сликите

„Google“ хронолошки ги подредува сите фотографии кои некогаш сте ги поставиле на Интернет, па дури ви помага така што ги поставува во фолдери именувани по години.

„Google“ го има секој мејл кој некогаш сте го испратиле

Дури иако некои од нив ги имате избришано…

Ништо не останало незабележано

Секоја слика која сте ја пребарувале, сочувале, секоја локација на која сте кликнале или избришале, секој нов текст кој сте го прочитале и секое „YouTube“ видео што сте го гледале, се тоа „Google“ го памти. Затоа во иднина внимавајте што барате, поради тоа што Интернетот повеќе не е слободен, очигледно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП