4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова криза во Грција: Десетина илјади граѓани остануваат без домови

Нова криза во Грција: Десетина илјади граѓани остануваат без домови

Најголемото трговско и правно здружение во Грција ја повикаа Владата итно да ги промени прописите за принудната продажба на станови и куќи под хипотека.

Повикот е упатен поради долговите при отплата, бидејќи десетина илјади семејства можат поради тоа да останат без домови оваа година.

Здруженијата предложија Владата да им овозможи на граѓаните – должниците пред одобрување на продажбата на недвижнини под хипотека, да можат да платат онолку колку што е цената на аукцијата.

Меѓународните доверители на Грција се согласуваат Владата да ја забрза продажбата на такви недвижнини и да го намали притисокот на банките бидејќи бројот на кредити кои не се отплатуваат се приближи до стапка од 50 проценти.

Аукциите на недвижнини од мај ќе бидат покренати поради плаќањето на заостанатите даночни долгови кон грчката држава.

Демонстрантите во центарот на Атина еднаш неделно протестираат поради продажбата на недвижнини под хипотека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП