12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтанете подобар лидер прифаќајки ги своите маани и слабости

Станете подобар лидер прифаќајки ги своите маани и слабости

Од некои причини професионалците и лидерите одбиваат да ги прифатат своите маани и слабости и на тој начин ги пропуштаат сите прeдности кои ги носи таквиот пристап на водење на работата. Претприемачот Тони Хсиех цврсто верува дека прифаќањето на своите маани и слабости води кон развој на комплетно автентична компанија.

На овој начин ќе ги охрабрите вработените да бидат она што се

Некои лидери мислат дека пред своите вработени мора да изгледаат совршено во секој момент. Но тоа е една од најголемите грешки која ја прават лидерите. Мора да бидете отворени со своите вреботени за тоа кои се вашите слабости, и на тој начин да стекнете почитување и кредибилитет. Никој не сака да работи со некој кој е исфолиран, иско како што и вие не сакате вашите работници да бидат вештачки во однесувањето со вас.

Компанијата ќе стане поиновативна

Како лидер вие треба да создадете атмосфера во која секој ќе се чувствува пријатно да го каже своето мислење или да сподели некоја идеја. Понекогаш и вие самите би можеле да дадете некоја глупава или чудна идеја за вработените да сфатат дека тоа не е ништо страшно.

Ќе вработите подобри луѓе

Луѓето кои доаѓаат на разговор за работа ќе почувствуваат опуштена атмосфера и ќе бидат послободни да зборуваат за себе. На некои таа атмосфера нема да им се допадне, но таквите луѓе не ви се потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП