18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитичарите очекуваат драстичен скок во цената на Bitcoin Cash од 130% месечно

Аналитичарите очекуваат драстичен скок во цената на Bitcoin Cash од 130% месечно

Се очекува значително зголемување на вредноста на „Bitcoin Cash“ и пад на некогашниот „единствен“ етер. Ова е јасно од извештајот под наслов „Криптовалутите: минато, сегашност и иднина“, цитиран од британското издание „Express“.

Во анализата експертите користеле историски податоци и алгоритам за да претскажат дека „Bitcoin Cash“ може да достигне цена од 2.000 долари до мај 2018-та година, што претставува раст од 130%.

Истражувањето е помалку оптимист за идната цена на етерот, а очекувањата се тој да поевтини со повеќе од 237 долари за валута во следниот месец.

Етерот загуби 47,22% од вредноста досега за овој месец, оценувајќи се на околу 459 долари, што е многу далеку од максимумот стигнат во декември – 1.338,67 долари.

Калум Бланшар, специјалист за криптовалути и еден од авторите на студијата, не е изненаден што ќе бидеме сведоци на колапсот на етерот. Тој објасни уште дека на дигиталните валути во моментов им се закануваат прописи и од постојаните предупредувања за нивната внатрешна висока нестабилност што лесно ги плаши луѓето и ги спречува да инвестираат.

По создавањето, етерот се смета за еден од неколкуте директни конкуренти на Биткоинот. Во извештајот, сепак, е наведено дека при присуството на толку многу криптовалути инвеститорите бараат се повеќе карактеристични и уникатни карактеристики, па така и станува тешко да се разликува една виртуелната валута од друга.

За време на неодамнешниот настан во Токио, кој се викаше „Конференција за визијата на „Satoshi““, извршниот директор на „Bitcoin.com“, Роџер Вер, и објасни на публиката дека „Bitcoin Cash“ може да ја зголеми економската слобода во светот.

Во декември минатата година самопрогласениот за творец на биткоинот – австралискиот претприемач Крег Рајт, предвиде дека 2018-та година ќе биде година на „Bitcoin Cash“, напиша на „Twitter“: „2018 година е годината во која ќе го видиме целосниот потенцијал на „Bitcoin Cash“ – ќе има поголема безбедност и нема да има граници за она што можеме да го постигнеме“.

„Биткоинот е сè над кое работам, биткоинот е мојот живот за следните 10, 20, 30 години, а целта ми е 5 милијарди лица да користат биткоин секој ден“, рече Рајт за време на настанот во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП