5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија со нови прогнози за економскиот раст

Шпанија со нови прогнози за економскиот раст

Шпанската влада ја ревидираше нагоре прогнозата за економскиот раст за оваа година на 2,7 проценти од претходните 2,3 проценти.

Министерот за економија Роман Сколано вели дека зголемувањето на проценката се должи на подобрувањето на меѓународните економски клими, растот на инвестициите на економските субјекти и повратот на стабилноста во Каталонија, каде централната банка ја презема административната контрола, пренесува агенцијата АП.

Економијата на Шпанија, четврта по големина во 19-члената еврозона, во последните години бележеше речиси најбрз економски раст во Европа. Минатата година, растот на бруто домашниот производ достигна 3,1 проценти.

Во новата прогноза се очекува скок на домашната побарувачка од 2,3 проценти во однос на претходната проценка од 1,8 проценти. Се предвидува дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП