20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкадемски и професионални студии за комуникации и медиуми

Академски и професионални студии за комуникации и медиуми

visoka-skola

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста почна да запишува студенти на додипломските, специјалистичките и магистерските студии.

Вкупно 50 студенти можат да студираат на додипломските студии на насоките Новинарство и Корпоративни комуникации и односи со јавноста. На специјалистичките студии можат да се запишат 20 студенти, а магистерските студии се отворени за 40 студенти на програмите Менаџирање на медиуми и мултимедија и Менаџирање на стратегиски комуникации.

Студиските програми им овозможуваат на студентите да стекнат сеопфатно знаење и способности со примена на меѓународните стандарди за високо образование и со следење на потребите на комуникациската и медиумската индустрија.

Додипломските студии овозможуваат академските знаење да се применат преку проекти, работа на терен и пракса во индустријата. Факултетскиот центар „Кариера“ се грижи за професионален развој на студентите и поголемиот дел од нив се вработуваат веднаш по дипломирањето, а некои и додека студираат. Студентите можат да добијат стипендии за студиска размена на универзитети во Европа преку програмата ЕРАСМУС.

Специјалистичките студии нудат можности да се унапредат професионалните знаења и способности за полесно да се совладаат предизвиците од информатичката и комуникациската експанзија.

Магистерските студии овозможуваат да се надградат академските знаења, да се унапреди кариерата и да се стане дел од научно-истражувачката заедница за развој на комуникациите и медиумите. Академските програми се организираат од научниот Институт за комуникациски студии при Високата школа во траење од една и две години.

Студиите се реализираат во рамки на Катедрата на УНЕСКО за медиуми и се рангирани на деветото место според Шангајската листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП