2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД со поголем раст на БДП благодарение на забрзувањето на личната потрошувачка

САД со поголем раст на БДП благодарение на забрзувањето на личната потрошувачка

Американската економија остври поголем економски раст во последниот квартал од 2017 година од првично проценетиот, покажуваат објавените податоци на Министерството за трговија на САД.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД во последните три месеци од минатата година порасна по стапка од 2,9 проценти на годишно ниво, што е повеќе од 2,5 проценти колку што првично беше проценето, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува агенцијата АП.

Таквата стапка на раст на БДП е сепак побавна во однос на растот од 3,1 проценти од вториот квартал и од 3,2 проценти од третиот квартал.

Податоците за приватната потрошувачка, која чини повеќе од две третини од економските активности на САД, се ревидирани исто нагоре на стапка раст од 4,0 проценти во последниот квартал од претходно проценетите 3,8 проценти.

Тоа е најбрзото темпо на раст на приватната потрошувачка од четвртиот квартал од 2014 година, оценува агенцијата Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП