3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСовети за купување и плаќање на интернет

Совети за купување и плаќање на интернет

internetku1

Ова се најважните совети за купување и плаќање на стоки и услуги преку интернет:

1. Задолжително дознајте ги основните податоци на продавачот: адреса и број на телефон.

2. Пин кодот никогаш не го споделувајте со никого ни писмено ни усно, бидејќи на продавачот преку интернет не му е потребен вашиот пин код.

3. Најчесто од вас, при купувањето од интернет се бараат следниве информации: име и презиме, адреса, бројот на картичката, трите бројки за дополнителна валидација (кои се наоѓаат на задната страна на картичката) и рокот на траење на картичката.

4. Кога ќе се појави страницата на која треба да ги внесете податоците за картичката, проверете дали на дното на интернет пребарувачот се појавува заклучен катанец или се појавува клуч.

5. При внесувањето на бројот на картичката, интернет адресата се менува од http во https и тоа е еден услов за користење на безбедна врска.

6. Бидете сигурни дека продавачот на веб сајтот поседува сертификат за енкрипција, тоа ќе го добиете со клик на иконата за безбедност.

7. Никогаш не ги испраќајте податоците за картичката кога Вие не сте го иницирале купувањето.

8. Проверете ги условите за продажбата, гаранцијата и повлекувањето од резервацијата, бидејќи при меѓународните плаќања можно е да бидете задолжени и за царинските давачки, локалните такси и други дополнителни трошоци.

9. Доколку ја откажете резервацијата, по извршеното плаќање, задолжитело побарајте број со кој се потврдува откажаната резервација, за да не бидете задолжени со плаќање како да не сте ја откажале резервацијата.

10. Најдобро е да купувате на сајтовите кои се верификувани од страна на Visa и MasterCard како сигурни сајтови за продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП