19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска го потпиша со САД својот најголем договор за купување на оружје

Полска го потпиша со САД својот најголем договор за купување на оружје

Полска го потпиша најголемиот договор за испорака на оружје во историјата, согласувајќи се да купи од САД ракетен систем „Patriot“ во вредност од 4,75 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

„Ова е исклучителен историски момент. Тоа е воведувањето на Полска во еден сосема нов свет на најсовремената технологија, модерно вооружување и средства за одбрана“, изјави полскиот претседател Анџеј Дуда за време на официјалната церемонија.

Земјата, која е членка на НАТО, започна забрзување на процесот на модернизација на армијата, откако во 2014-та година Русија го присвои полуостровот Крим. Речиси две третини од оружјето на земјата датираат од времето кога беше дел од Варшавскиот пакт.

Договарањето на договор е олеснување за Варшава, која се наоѓа во затегнати односи со својот главен сојузник во Северноатлантскиот сојуз Вашингтон поради полски нацрт предвидува затвор за секој кој навестува за соучество на земјата во настаните околу холокаустот.

Според САД, таков закон го крши правото на слобода на изразување. Од своја страна, израелските претставници дури ги дефинираа активностите на европската земја како негирање на Холокаустот.

Договорот склучен денес е за четири системи, а Варшава води преговори со Вашингтон за купување на уште, како и за набавка на нов 360-степен радар и ракети за пресретнување во рамките на вториот дел од договорот.

„Очекуваме Полска брзо да продолжи со втората фаза. Тие (претставници на власта во земјата) изразија надеж дека ќе ја завршат до крајот на годината“, изјави претходно претседателот на компанијата производител на системите „Raytheon Integrated Defense Systems“, Вес Кремер.

Договорот ќе и овозможи на Полска да врши воздушни и противракетни операции заедно со своите сојузници во НАТО, Холандија, Германија, Шпанија и Грција, кои исто така поседуваат системи „Patriot“, изјавија претставници на Стејт департментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП