16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAkzo Nobel го продава својот хемиски бизнис за 10,1 милијарда евра

Akzo Nobel го продава својот хемиски бизнис за 10,1 милијарда евра

„Akzo Nobel“ објави дека ја продава својата хемиска поделба на американскиот фонд за приватни капитални инвестиции „Carlyle Group“ за 10,1 милијарди евра во договор со кој ќе се трансформира холандската компанија единствено во снабдувач на бои и лакови, соопштува „Bloomberg“.

Продажбата става крај на турбулентниот период за холандскиот производител обележан со непријателскиот обид за купување за 29 милијарди долари минатата година од конкурентот „PPG Industries“ и влијанието на активистот инвеститор „Elliott Management“.

Главниот извршен директор Тиери Ванланкер кој се обидува да ја задржи иднината на „Akzo Nobel“ во рацете, ќе треба да се потруди сериозно, за да ги исполни амбициозните финансиски цели за 2020-та година. Тие вклучуваат поврат од 50% од продажбата и маргините од 15% – профитабилност која се совпаѓа со онаа на конкурентите.

Акциите на „Akzo Nobel“ скокнаа за 4,9 отсто на 78,74 евра по акција на берзата во Амстердам по веста. Повеќето средства ќе бидат дистрибуирани до акционерите според планираното, рече Ванланкер. „Akzo Nobel“ го презеде тоа ветување, откако категоричното одбивање да се ангажира со „PPG“ ги разочара некои инвеститори, вклучувајќи го активистот „Elliott“. Тие ќе добијат околу 6 милијарди евра, според аналитичарот на „Bernstein“, Џереми Редениус.

Ванланкер изјави дека разделбата со хемискиот бизнис ќе ја обнови „страста“ на „Akzo Nobel“ кон бои и лакови како трета по големина компанија во светот и ќе се осигура дека компанијата е „со правилна големина и инструменти“.

„Financial Times“ претходно соопшти дека американскиот фонд преовладуваше над конкурентите, вклучувајќи ја заедничката понуда на „Advent International“ и „Bain Capital“ и група, вклучувајќи ја „Apollo Global“.

Продажбата проценува делот на 10,1 милијарди евра вклучувајќи го нето долгот, изјавија од „Akzo Nobel“, додавајќи дека очекува да добие исплата во кеш од 8,9 милијарди евра. По одземањето на трошоците и некои обврски, се очекува дека нето-приходите ќе изнесуваат околу 7,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП